Кинескиот Парламент го избра Ли Чианг за премиер

Кинескиот Парламент денеска го избра Ли Чианг за премиер во гласање што беше практично формалност, јавија западни медиуми. Ли е близок доверлив човек на претседателот Си Џинпинг, кој вчера беше реизбран за трет мандат.
Кинескиот национален народен конгрес во голема мера само ги одобрува одлуките на владејачката Комунистичка партија. Еднодомниот Парламент вчера едногласно го реизбра 69-годишниот Си Џинпинг за претседател. На денешниот избор на Ли Кианг за премиер имаше три гласа против и осум воздржани.
Во кинескиот Парламент има 2.980 пратеници.
Ли (63) е најпознат по наметнувањето брутално заклучување во Шангај минатата пролет, кога беше на чело на Кинеската комунистичка партија во најнаселениот град во земјата. Така, тој ја докажа својата лојалност кон Си Џинпинг со спроведување на својата политика „нулта ковид“ со цврста рака, и покрај поплаките од локалните жители дека немаат пристап до храна, лекови и основни услуги.
Приоритет број еден за новиот кинески премиер ќе биде економијата. Целта за раст на бруто домашниот производ на Кина за оваа година е околу 5 проценти. Минатата година таа бројка падна на 3 отсто, што е второ најниско ниво од 1970-те.
Ново на Сител
-

Девојка од Србија пријавила возач на такси во Скопје за допирање по телото и бакнување
-

Вработени и пациенти на Онкологија сведочеа за случајот со незаконска набавка на лекови
-

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026
-

Австрија воведува забрана за шамии во училиштата за девојчиња под 14 години
-

Пожарникарите од Старо Нагоричане спасија куче паднато во шахта
-

Во железничка несреќа во Чешка повредени 57 луѓе
-

Мицкоски: Добар одѕив за ваучерите за електронски уреди, до вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите
-

Јаневска: Ваучери за е-уреди се наменети само за студенти на додипломски студии
