-->
-->
Кинески научници првпат во историјата клонираа мајмуни
-->
Кинески научници објавија дека првпат по 300 обиди, успеале да клонираат мајмуни. Двата клона се првите примати коишто се клонирани со истата техника со која беше клонирана и овцата Доли своевремено, пишува „Индепендент".
Новите техники и методи ќе овозможат создавање лабораториски услови за креирање генетски идентични мајмуни, што би отворило многу можности во научните и медицинските истражуивања.
- Тие ќе бидат корисни во медицинските испитувања, на генетиските болести, па дури и на ракот, автоимуните болести или метаболичните пореметувања, но и во други научни дисциплини, изјави Чанг Сун од кинескиот Институт за неврологија.
Клонираните мајмуни се родени пред осум и шест недели, соодветно, во лабораторија во Кина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Далај Лама го прославува 90. роденден
-
Зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу половина час
-
Мицкоски: Многу сме поподготвени за справување со пожари од порано, ставени се во употреба 38 возила
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет