Кинески цар наредил да се изнајде напитокот на бесмртноста
Првиот кинески цар Ќин Ши Хуанг им наредил на своите слуги да му пронајдат еликсир - напивка на бесмртноста, открива древен натпис, стар 2200 години, откриен во јужна Кина, јави Синхуа.
Опсесијата на императорот со „вечниот живот“ и е добро позната на историјата...Тој изградил и огромен подземен мавзолеј којшто го чуваат 8.000 теракотни војници - неговата гарда за „задгробниот живот". Таа „војска" е откриена 1974 година.
Наредбата за изнаоѓање на еликсирот е пронајдена во 2002. на дното на бунар во провинцијата Хунан. Текстот содржи царски декрет со кој се наредува потрага по напитокот, како и прилично посрамени одговори на локалните големци кои, просто, не успеале во мисијата.
На археолошкото наоѓалиште се наоѓало селото Дисјанг. За него сведоштвото вели дека мештаните „се уште не го пронашле чудесниот лек, но потрагата продолжува“.
Еликсирот, по се, изгледа не е изнајден, оти царот починал 210 година пр.н.е., по 11 години на престолот.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Потребна е поддршка за членство во ЕУ | ВИДЕО
-
Николоски во работна посета на Атина, ќе се разговара за подобро регионално поврзување
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
-
Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај
-
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-
Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика