Кинеската војска започна нови вежби во близина на Тајван

Кинеската војска денеска почна нови воени вежби во близина на Тајван, нагласувајќи дека тоа е предупредување против „сепаратистичките акции на силите за независност на Тајван“.
Тие не прецизираа датум за завршување на маневрите, што предизвика остра реакција од Тајпеј.
Источната воена команда на Кина во соопштение рано утринава соопшти дека маневрите се одржуваат кај Тајванскиот теснец и областите северно, југ и источно од Тајван.
„Вежбата служи и како строго предупредување за сепаратистичките дејства на силите за независност на Тајван.
Ова е легитимна и неопходна операција за обезбедување на државниот суверенитет и националното единство“, се вели во соопштението објавено на кинески и англиски јазик.
Командата објави мапа на која се прикажани девет области околу Тајван каде што се одржуваат вежбите. Министерството за одбрана на Тајван остро го осуди кинескиот „ирационален и провокативен чин“.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
