Кинеската војска ги повикува САД да ги повлечат санкциите

Кинеската армија изрази силна огорченост поради воведувањето американски санкции и ги повика САД веднаш да ја повлечат одлуката, соопшти Министерството за одбрана на Кина.
Портпаролот на кинеската војска изјави дека овој потег на САД е „флагрантно кршење на основните правила на меѓународните односи" и дека е вистински „показател на хегемонизмот", кој тешко ги нарушил односите на Кина и САД, како и меѓу армиите на двете земји.
- Бараме американската страна веднаш да ја поправи својата грешка и да ги повлече т.н. санкции. Во спротивно, американската страна ќе мора да ги сноси последиците предизвикани од овој чин, рече тој.
Тој наведе дека кинеската војска испратила протест до американската страна, објави агенцијата Ксинхуа.
Вашингтон на кинеската војска воведе санкции поради купувањето руски борбени авиони и проектили земја-воздух.
На мета на санкциите се најдоа и кинеското Одделение за развој на опрема и директорот Ли Шангфу поради „значителни трансакции“ со рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“.
Американската администрација на црната листа стави уште 33 кинески државјани и субјекти кои соработуваат со руската армија и разузнавачката служба.
Санкциите се воведени врз основа на актот усвоен во 2017 година во САД наречен „Акт на борбата против американските противници преку санкции“.
Кинески функционер истакна дека воената соработка меѓу Кина и Русија е вообичаена соработка помеѓу двете суверени држави, во согласност со меѓународното право, и дека САД нема право да се меша во таквата пракса.
Ново на Сител
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
-

Алиу: Работна група од Министерството за здравство истражува дали биле запазени протоколите за извоз на биолошки материјал во САД
-

Мицкоски: Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата
-

Мицкоски: Чествувањето на Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме нашата Македонија
-

Променливо облачно и релативно топло до сабота, од недела заладување и снег на планините
-

Приведени возачи, управувале возила без возачка дозвола, со изречена забрана, под дејство на алкохол
-

650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
-

Сиљановска-Давкова: Регулативата создава доверба и предвидливост, а не само контрола
