Кинеската сонда Чанг 5 зема примероци од Месечината и тргна кон Земјата
Кинеската сонда Чанг 5 денеска се враќа на Земјата и по повеќе од 40 години ќе донесе примероци од Месечината.
Ако сондата успешно се врати на Земјата, Кина ќе биде трета земја која земала примероци од Месечината по САД и поранешниот Советски Сојуз.
Задачата на Чанг 5 беше да земи примероци од два метри под површината на Месечината во подрачјето наречено Океанска бура.
Сондата Чанг 5 треба да се врати на Земјата до средината на месецот. Мисијата ќе и овозможи на Кина да ја испита технологијата важна за успешно завршување на проектот за испраќање на луѓе на Месечината до 2030 година.
Мисијата е нова етапа на кинеската вселенска програма, која на почетокот од 2019 година постигна голем успех, кога лансира лунарен модул на скриената страна на Месечината. Тоа беше прв таков подвиг во светот.
Во 2013 и во 2019 година Кина испрати два далечински управувани помали роботи наречени Зајаци од жад.
Кина летово лансираше уште една сонда на Марс, а за идната година најави дека ќе лансира далечински управуван робот. Исто така планира до 2022 година да состави голема вселенска станица.
Ново на Сител
-
Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони
-
Илон Маск: Не земам дрога
-
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот