Кинеска сонда ги испрати првите слики од Марс
Кинеската сонда Тјанвен-1 ја испрати првата слика од Марс, соопшти денеска Кинеската вселенска агенција.
Тјанвен-1 беше лансирана во јули и се очекува да влезе во орбитата на Марс околу 10 февруари, а планот на мисијата е да слета на површината на „црвената планета“, пренесува Гардијан.
Фотографијата е направена на 1,1 милиони километри од планетата.
Тјанвен-1 тежи пет тони и носи ровер кој треба да ја истражува површината на Марс.
Кина се надева дека ќе го спушти роверот во мај во областа Утопија, местото кое некогаш било погодено од голем објект.
Гардијан додава дека Кинезите инвестирале милијарди долари во вселенската програма, која е под надзор на армијата, а нивниот план е да се изгради вселенска станица во орбитата на Земјата до 2022 година.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани