Кина воведува здравствен пасош

Кина воведе електронски пасош за своите граѓани што ќе го покаже нивниот здравствен статус кога патуваат во странство или ќе се вратат во земјата, што може да доведе до поголемо отворање на кинеските граници.
Овие здравствени сертификати за меѓународно патување се во форма на апликација за паметен телефон и содржат здравствени податоци на патниците, како што се нивните ковид тестови, ПЦР и за антитела и статусот на вакцинација.
Засега, апликацијата е задолжителна и резервирана само за Кинезите. Таа ќе им обезбеди поголема удобност при патувањето кога ќе се склучат договори за заемно признавање на здравствените сертификати на Кина и други земји, објави агенцијата Ксинхуа.
„Целта на апликацијата е да се промовира обновата на светската економија и да се олесни преминувањето на границите“, соопшти Министерството за надворешни работи.
Во соопштението не се наведени специфичните работи на кои носителите на електронски пасоши имаат право, ниту дали други земји планираат да ги признаат.
САД и Велика Британија планираат да покренат слични системи. Европската комисија ќе ја претстави идејата за „зелен пасош“ во Брисел на 17 март.
Од крајот на март 2020 година, Кина дозволува влез на нејзина територија само на Кинези и ограничен број странци. Исто така, значително ги намали меѓународните летови.
Дозволен е влез само на странски дипломати, бизнисмени или странци кои имаат постојан престој во земјата.
Сите патници по пристигнувањето во земјата треба да одат во карантин, 14 дена во хотел на свој трошок.
Ново на Сител
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да продолжи надзoрната расправа за Aлта банка
-

СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК најавува поефикасен прогон, Алта банка е меѓу темите што се следат
-

Радев: Проблемите на Бугарите во Mакедонија се влошуваат
