Кина воведува реципрочни царини за јаглен и течен природен гас од САД
Кина ќе воведе царини од 15 отсто на увозот на течен природен гас (LNG) и јаглен од САД како одговор на американските царини, соопшти денеска кинеското Министерство за финансии.
Дополнително, ќе се применат 10 отсто царини за нафта и земјоделски машини увезени од САД. Овие мерки стапуваат во сила на 10 февруари, јави ДПА.
Пекинг исто така најави антимонополска истрага против американскиот технолошки гигант Гугл.
Американските царини од 10 отсто за сите кинески увозни производи влегоа во сила веднаш по полноќ по вашингтонско време (05:00 GMT), откако претседателот Доналд Трамп ги нареди мерките во саботата.
Царините за стоки од Канада и Мексико, исто така најавени од Трамп, беа привремено суспендирани најмалку на еден месец пред воопшто да стапат во сила, по постигнување договори меѓу САД и нивните соседи.
Засега нема таков договор со Кина. Вчера Трамп изјави дека разговори со кинеската страна ќе се одржат во рок од 24 часа.
Трамп победи на претседателските избори во ноември со ветување за високи царини на странските производи. Тој веќе воведе неколку трговски давачки за време на својот прв мандат од 2017 до 2021 година.
Ново на Сител
-
Забрана за сообраќај на патот Р1106 Македонски Брод - Скопје поради пожарот во Јасен
-
Продолжува топлото време – температури до 39 степени
-
Определен притвор за четворица осомничени за пукањето во Тетово
-
Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ
-
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации