Кина: Во Северна Кореја може да почне конфликт секој момент

Во секој момент во Северна Кореја може да почне конфликт, предупреди денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји по новите закани на американскиот претседател Доналд Трамп против режимот во Пјонгјанг.
– Дијалогот е единствен начин да се спречи ескалација на тензиите, нагласи тој на прес конференција со францускиот министер за надворешни работи Жан Марк-Еро кој е во посета на Кина.
– Ако некој провоцира конфликт на Корејскиот полуостров треба да е подготвен да преземе историска одговорност и да ја плати цената, предупреди Ванг Ји.
Тој повика на воздржаност од акции што може да се сметаат за закани.
Западни аналитичари сметаат дека Северна Кореја може утре да изврши нова нуклеарна проба или испукување балистичка ракета по повод 105-годишнината од раѓањето на основачот Ким Ил-сунг.
САД размислуваат за воени варијанти како одоговор на програмата на Пјонгјанг за нуклеарно вооружување, предупреди синоќа советник за надворешна политика во Белата куќа.
Ново на Сител
-

Тројца приведени кај Блаце за криумчарење стока од Косово, одземени две возила | ФОТО
-

Пад на закупите на недвижности, најбарани деловните простори
-

Три лица приведени во Скопје по обид за подигнување кредит со фалсификувана документација
-

Зголемена фреквенција на Табановце и Богородица, чекањата до еден час
-

Во Крушево почнува манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“
-

Рама: Воздушниот простор за време на самитот на НАТО ќе биде заштитен со супер интелигентни дронови произведени во Албанија
-

Мигранти се обиделе да влезат и во шпанската енклава Мелиља
-

Трамп се закани со масовни напади врз Иран
