Кина: Вирус на пакети со смрзнати шкампи од Еквадор
Властите во градот Вуху во провинцијата Анхуи во источна Кина, денеска откриле дека пакетите со замрзнати морски ракчиња од Еквадор биле загадени со коронавирусот.
Вирусот е откриен на внатрешната амбалажа на увезените шкампи, кои биле доставени на ресторан во градот Вуху, јави државната телевизија ЦТВ.
Ваквите откритија се случија во неколку други градови, поради што кинеските власти забранија увоз на шкампи од три еквадорски производители.
.Запленета на загадените пакувања со шкампи била извршена кај сите познати ресторани од Вухуа кои купиле морска храна од истиот производител од Еквадор.
Еквадорските власти објавија дека Кина повторно дозволила увоз на ракчиња за еден од трите производители од Еквадор, чија лиценца за извоз на морска храна претходно била суспендирана.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава