Кина успешно ја лансираше новата ракета „Long March 8“
Кина денеска за првпат во вселената успешно лансира своја нова ракета – „Long March 8“, чии делови, како што се бустерите, ќе можат повторно да се користат и во иднина, јави ДПА.
Над 50 метри високата модуларна ракета се крена во вселената од вселенскиот центар Венчанг, на јужниот кинески остров Хаинан, носејќи неколку помали сателити, што ќе бидат ослободени во вселената.
Друг дел од ракетата, што, исто така, во иднина ќе може повторно да се користи, е првата ракетна фаза, која може вертикално да се спушти назад на Земјата, еден ден по лансирањето.
Ракетата „Long March 8“ има носивост меѓу 2,8 и пет тони, во зависност од орбитата на која е насочена, додава ДПА.
Набрзо по лансирањето, контролниот центар соопшти дека летот се одвива нормално и дека првиот обид за кревање во воздух е „целосен успех“, јави државната телевизија.
Петте помали сателити беа разсместени точно на нивните планирани орбити.
Кина спроведува амбициозна вселенска програма, со мисии на Месечината и Марс, како и изградба на сопствена вселенска станица во следните години, додава германската агенција.
Кинеска вселенска капсула со два килограма примероци од површината на Месечината минатиот четврток успешно се врати на Земјата, со што Кина стана третата вселенски сила што донела примероци од Месечината на Земјата, по САД и Советскиот сојуз.
Ново на Сител
-
Рекации за интервјуто на Пендаровски за Сител
-
Европа да ги задржи добрите односи со САД, меѓу приоритетите на полското претседавање со ЕУ
-
Касами: ДУИ да се реформира наместо да се заканува
-
СДСМ: Во министерството за дигитална трансформација тендери добивал сопругот на државната секретарка
-
Граѓани вртат кругови да најдат паркинг - хаосот со паркирање на Клинички со години е секојдневие
-
Роковите за употреба на јаглен ќе бидат пробиени
-
Преглед на вестите од светот
-
Сторителот на убиството кај Мавровка призна вина, пресудата во четврток