Кина тврди дека веднаш ја известила СЗО за епидемијата на коронавирусот
Кина веднаш ја извести Светската здравствена организација и другите релевантни земји за епидемијата на коронавирусот, се вели во извештајот на Канцеларијата за информации на кинеската Влада објавен денеска.
Во извештајот се додава дека Кина „поделила цела секвенца на геномот и специфичните прајмери и сонди за откривање на Ковид-19 и редовно ја известувала Светската здравствена организација и релевантните земји за епидемијата, пренесува Си-Ен-Ен.
Кина беше критикувана од други земји, особено од САД, дека наводно на почетокот криела информации за епидемијата.
Во извештајот се истакнува и дека Националната здравствена комисија на 8 јануари „прелиминарно потврдила дека новиот коронавирус е причина за епидемијата“, а кинеската Влада од 11 јануари секојдневно ја известувала СЗО и дека следниот ден на 12 јануари испратила геномската секвенца до СЗО.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација