-->
-->
Кина спроведува воени вежби во близина на Тајван
-->
Кина соопшти дека денеска спроведува воени вежби во близина на нејзиниот брег свртен кон Тајван.
Новинската агенција Ксинхуа објави дека кинеската војска спроведувала вежби со пукање во близина на островот Пинган кај провинцијата Фуџијан од 8 до 21 часот. Кинеската управа за поморска безбедност ги предупреди бродовите да ја избегнуваат областа.
Ваквите вежби обично вклучуваат артилерија. Сепак, во соопштението не е прецизирано дали во вежбата би можело да бидат вклучени и проектили, борбени авиони или друго оружје. Претходно оваа недела, Кина ја предупреди претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси да се откаже од плановите да го посети Тајван, кој Пекинг го смета за кинеска територија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?