-->
-->
Кина: Разбиен синџир на трговија со деца
-->

Кинеската полиција разби синџир на трговија со деца, спасувајќи во акцијата 15 бебиња и апсејќи 78 лица.
Групата купувала или киднапирала деца во покраината Сечуан, а потоа ги продавала во градот Лињи, оддалечен 2.000 километри.
Момчињата биле продавани по цена од 7.600 до 9.100 долари, додека девојчињата двојно поевтино.
- Се водеше до еден брачен пар. Жената била задолжена за набавување деца, а сопругот бараше купувачи, соопштија од полицијата.
Децата сега се наоѓаат во центри за социјална заштита, а полицијата се обидува да ги открие нивните биолошки родители.
Државната новинска агенција Синхуа објави дека полицијата од 2009 година разбила околу 7.000 групи за трговија со луѓе, во кои биле вклучени над 18.000 деца и 34.000 жени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
