-->
-->
Кина предупредува: Војна со САД во времето на Трамп!
-->
Војна помеѓу САД и Кина за време на мандатот на новиот претседател Доналд Трамп „не е само слоган“, туку станува „практична реалност“, изјави висок функционер од кинеската армија.
Оваа изјава ја објави официјалната страница на кинеската Народна армија, како одговор на агресивната реторика на новата американска администрација против Кина, пренесува британски „Independent“.
Интернет страницата всушност го пренесе ставот на Централната воена комисија на Кина која што ја има целокупната контрола над војската.
Висок функционер од одделението на таа комисија за одбранбена мобилизација изјави дека „војната за време на мандатот на Доналд Трамп“, или „избивањето на војна веднаш“ не е некој обичен слоган, туку сето тоа започнува да се претвора во практична реалност.
Тој повика на ангажирање на кинеската војска во напнатиот регион во јужното и источното кинеско море, а порача дека е потребно кинеските ракетни системи да го покријат целиот Корејски полуостров. Истиот функционер истакна дека Американците треба повторно да ја разгледаат својата стратегија во азиско-пацифичкиот регион.
„Independent“ потсетува дека Трамп и неговите најблиски соработници со своите изјави порачале дека САД ќе води остра политика против Кина. Трамп неодамна ја нарече Кина „манипулатор на валутата“ и ги обвини Кинезите за нечесна трговија.
Новиот претседател на САД исто така ја игнорираше американската политика на „Една Кина“ и тоа јавно го покажа со телефонскиот разговор со претседателката на Тајван, Таи Инг Вен, нешто што го налути официјален Пекинг со оглед на тоа што за Кинезите, Тајван е дел од Кина.
Новиот американски државен секретар Рекс Тилерсон неодамна заговараше ангажирање на американската воена морнарица за блокирање на вештачките острови во Јужното кинеско море, а тоа од страна на Пекинг би можело да биде сфатено како акт на војна.
Индиции дека Кинезите се подготвуваат за можен воен конфликт се појавија рано во текот на минатата седмица кога беа објавени непотврдени информации дека Кина разместила проектили со голем домет во близина на својата североисточна граница, а токму од тоа подрачје, територијата на САД била во домет.
На кинеските социјални мрежи протекоа фотографии на кои што може да се види кинеската ракета „Донгфенг-41“, унапреден интерконтинентален систем на балистички ракети поставен во близина на кинеско-руската граница.
Кинескиот таблоид „Глобал Тајмс“ сугерираше дека кинеската војска намерно ги објавила тие фотографии со цел на некој начин да бидат предупредени САД и Доналд Трамп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
80 години Универзитетска библиотека Свети Климент Охридски
-
Службите кубурат со опрема и кадар
-
Општините немаат доволен број комунални инспектори, а слаба е и казнената политика
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ