Кина повикува на преговори за крај на војната во Украина и на траен прекин на огнот во Појасот Газа
Кина повикува на преговори за крај на војната во Украина, јавуваат светските агенции.
Овој повик го упати кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, за време на прес-конференција во кулоарите на седницата на кинескиот парламент.
- Во конфликт нема победници, а во преговори нема губитници. Преговарачката маса е и крај на конфликтот и почетна точка на мирот, изјави Ванг.
Пекинг истакна и дека односите меѓу Кина и Русија остануваат постојани во нестабилниот свет. Ванг Ји нагласи дека овие билатерални односи нема да се променат ниту под влијание на трета страна, ниту поради конкретен настан.
Шефот на кинеската дипломатија, исто така, повика на целосен и траен прекин на огнот во Појасот Газа.
- Ако големите сили навистина се загрижени за народот во Газа, треба да поттикнат целосен и траен прекин на огнот и да ја зголемат хуманитарната помош, потенцираше Ванг.
Кина, исто така ги критикуваше американските царини, оценувајќи ги како неправедни и најави соодветен одговор.
- Кина, водена од хуманитарен дух, неколкупати ѝ помогна на САД. Тие не треба да одговорат со неблагодарност, а уште помалку со наметнување на царини, нагласи Ванг.
Тој додаде дека ако САД го изберат патот на соработката, тоа може да доведе до заемна корист, но ако продолжи силниот притисок, Кина ќе реагира решително.
Ново на Сител
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, температура до 16 степени
-
Трамп верува дека ќе биде постигнат мировен договор за Појасот Газа
-
Без струја утре дел од скопските населби Аеродром и Ѓорче Петров
-
Пад на инфлацијата во септември во однос на претходниот месец за 0,2 отсто
-
Без вода утре остануваат повеќе улици во општините Центар и Аеродром
-
ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово
-
Брутална тепачка во Виница, маж со скршен череп и во кома по пресметка пред ресторан
-
Пукање во Куманово, ранет кандидат за советник во Липково