-->
-->
Кина почна да користи вакцина против коронавирус која се вдишува
-->
Шангај денеска почна да ја користи првата вакцина против корона која се вдишува, а ќе има и бесплатна бустер доза за луѓето кои веќе се вакцинирани, се вели во соопштението на кинеските здравствени власти.Вакцинирањето против корона вирусот не е задолжително во Кина, но властите сакаат што е можно поскоро повеќе луѓе да примаат засилувачки дози пред да се олеснат строгите ограничувања, бидејќи мерките за борба против пандемијата ја забавуваат економијата во време кога остатокот од светот ги укина повеќето мерки.
Луѓето кои сакаат да се вакцинираат со новата вакцина, тоа можат да го сторат преку користење кратка пумпа до устата, низ која го вдишуваат лекот и го задржуваат здивот пет секунди.
Новата вакцина би можела да заштити од вирусот дури и пред да стигне до остатокот од респираторниот систем, иако тоа делумно ќе зависи од количината на изложеност на вирусот.
Во септември, Кина ја одобри вакцината развиена од нејзината компанија „CanSino Biologics“ како дополнителна доза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до СДСМ се главни за марихуаната
-

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење
-

СДСМ: Како поминаа 5 тони дрога на граница?
-

ЈОРСМ: Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин вреден 41 милион евра
-

Орбан: Клинтон бараше Унгарија копнено да ја нападне Србија
-

Пратениците утре ќе работата и покрај протестот на ССМ
-

Владина делегација во Париз на средби со високи претставници на УНЕСКО
