Кина откри најголемо наоѓалиште на злато со проценета вредност од 76 милијарди евра
Во провинцијата Хунан, Кина откри најголемо наоѓалиште на злато во светот, кое според проценките содржи 1.000 тони злато со вредност од 76 милијарди евра, пренесе „Дејли мејл“ повикувајќи се на кинески државни медиуми.
Геолозите користеле модерни методи на истражување и 3Д моделирање за да идентификуваат структура на 40 златни жили на длабочина од околу 1.600 метри под рудникот Вангу. Според податоците на Геолошкиот институт на Хунан, овие жили содржат околу 300 тони злато, а подлабоките слоеви можат да кријат уште поголеми резерви.
Откритието предизвика зголемување на цената на златото на светските берзи, кое сега е блиску до историскиот максимум. Кина, која веќе учествува со 10 проценти во глобалното производство на злато, дополнително ја зајакнува својата позиција како водечки производител.
Експертите оценуваат дека златото останува сигурна инвестиција во време на економски и политички нестабилности, а трендот на намалување на каматните стапки дополнително ја зголемува неговата атрактивност.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Македонија и во Србија
-
Престанувањето со пушење го забавува губењето меморија и подоцна во животот
-
Уништувањето на шумите се забрзува: За една година загубена површина со големина на половина Англија
-
При претрес пронајдена дрога, приведени две лица од Кочани
-
Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
-
Томасон за поразот на Шведска од Косово: Заборавивме како да постигнуваме голови
-
Анкета: Мнозинство Германци поддржуваат враќање на воениот рок
-
Макрон и натаму загрижен поради „Хамас“ и покрај примирјето во Газа