Кина ја прекинува соработката со САД во повеќе области
Кина денеска соопшти дека ќе ја прекине соработката со САД во бројни области, од климатски промени до воени односи и напори за сузбивање на криумчарење дрога, како одговор на посетата на Тајван од страна на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, пренесе Бета.
Како што е наведено, Кина ќе ја прекине соработката во дијалогот меѓу високопозиционираните воени команданти, разговорите за климатските промени, како и во областите на прекуграничниот криминал и репатријацијата на илегални мигранти.
Мерките објавени денеска се најнови во низата потези со намера да се казни Вашингтон бидејќи дозволи посета на високо американско официјално лице на Тајван, што Кина го смета за своја територија што може да ја припои насила, доколку тоа биде потребно.
Кина ќе ги „прекине кинеско – американските преговори за климатски промени“ и ќе ги откаже разговорите меѓу воените водачи, како и два состанока за безбедноста, наведува кинеското Министерство за надворешни работи, укажувајќи на тоа дека Пелоси го игнорирала кинеското силно противење на нејзината посета на Тајван.
Претходно денеска, Кина најави воведување санкции против Пелоси и членови од нејзиното семејство.
Кина вчера започна големи воени вежби во шест зони околу брегот на Тајван. Во ракетни проби, ракети се истрелани и над Тајван, изјавија воени службеници за државни медиуми.
Кина се противи на тоа, островот што има самоуправа да има контакти со странски влади.
Ново на Сител
-
Планот за раст е алатка каде реформата значи награда, порача министерот Муцунски
-
Teма на денот со Орхан Муртезани, министер за европски прашања
-
Кос: Гаранција за македонските евроинтеграции е полноправното членство
-
Кос: Гаранција за македонските евроинтеграции е полноправното членство
-
Истражување на ИДУЕП: Младите се скептични дека Македонија ќе влезе во ЕУ
-
Предметот за пожарот во „Пулс“ вратен е во Кочани, од таму ќе биде испратен до Кривичниот суд во Скопје
-
Пожар во Кочани, изгореа 3 автобуси и комбе
-
Отворање две нови ленти за излез на граничниот премин „Богородица”