Свет
24. February 2016 - 8:51

Кина испрати ловци во регионот на спорните острови во Јужнокинеското Море

Кина испратила ловци во регионот на спорен остров во Јужнокинеското Море, на кој претходно распореди ракети „земја-воздух“, јави американската телевизија Фокс њуз.

Извори на телевизијата од американското разузнавање забележале изминатите денови ловци на островот Уди од групата на Парацелските Острови, кои повеќе од 40 години се под контрола на Кина, но врз кои територијални претензии имаат Тајван и Виетнам. 

Пекинг со децении се спори со некои земји во регионот за повеќе острови во Јужнокинеското Море.