Кина гради копија на "Титаник", но овој број нема да може да потоне!

Во кинескиот град Дајинг во провинцијата Сечуан минатата недела започнала изградбата на репликата на еден од најпопуларните бродови во историјата - Титаник. Кинескиот Титаник ќе биде идентичен на оригиналот кој потонал во 1912 година, но за разлика од оригиналот не може да потоне.
Овој број се гради далеку од брегот, дури 1.200 километри од него, и не е планирано некогаш да заплови. Замислен е како туристичка атракција како дел од прокетот за туристички развој на Дајинг во провинцијата Сечуан.

Кога ќе биде завршена репликата на легендарниот број, ќе биде долга 269 метри, широка 28 метри, а во самиот брод ќе се наоѓаат балски двор, исто како на оригиналниот Титаник, театар и базен.
Надворешноста на бродот ќе биде идентична на оригиналот, а гостите дури ќе можат да доживеат и симулација на ударот во мраз, по што Титаник потонал на почетокот на 20. век.
Планирањето и конструкцијата на кинескиот Титаник, траело две години, а изградбата почнала минатата недела. Точната цена на овој прокет не е позната, но се верува дека ќе достигне околу милијарда јуани, односно околу 145 милиони долари. Рокот за завршување е 2018 година.

Титаник II
Кинескиот Титаник не е единствениот обид да се создаде реплика на еден од најпознатите бродови во историјата. Австралискиот тајкун Клив Пламер имал иста идеја која требало да се реализира оваа година, но прокетот е одложен за две години.
Ново на Сител
-

Одбиен предлог законот на СДСМ министрите да имаат само македонско државјанство
-

СДСМ со предлог мерки за најранливите категории граѓани
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ и Абази се коалиција во Обвинителството, како СДС и ДУИ во политиката
-

Форумот на жени на СДСМ со пријави против омразата и навредите кон жени на социјалните мрежи
-

Неопходно е проширување на понудата за развој на туризмот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Подигнување на свест за машкото здравје
