Кина го обвинува американскиот министер за одбрана за „провокативни“ изјави во Сингапур

Кина упати протест до САД поради изјавите на министерот за одбрана Пит Хегсет, кои ги нарече „клеветнички“ и „намерно провокативни“.
Кинеското Министерство за надворешни работи го обвини Хегсет дека ги игнорира повиците за мир од Индо-пацифичките земји, обвинувајќи го дека ги искористил своите забелешки на безбедносниот форум „Дијалог Шангри-Ла“ во Сингапур за ширење „менталитет од Студената војна“ и зголемување на тензиите во регионот, јавија британските медиуми.
Министерството во соопштението наведува дека Хегсет ја нарекол Кина „закана“, што тие го сметаат за обид за „сеење поделба во регионот“.
Кина посочи дека САД продолжуваат да распоредуваат офанзивно оружје во Јужното Кинеско Море, за кое тврди дека предизвикува зголемени тензии во Азиско-пацифичкиот регион.
За време на својот говор на дијалогот Шангри-Ла, Хегсет ги повика сојузниците во регионот, вклучувајќи ја и Австралија, да ги зголемат трошоците за одбрана, предупредувајќи на „реална и непосредна закана“ од Кина.
Австралискиот премиер Ентони Албанезе одговори на тие повици, велејќи дека австралиската влада веќе ветила дополнителни 10 милијарди долари за одбрана.
Кина, исто така, ги предупреди САД да не „си играат со оган“ кога станува збор за кинескиот регион Тајван.
Посетата на Сингапур е втора посета на Хегсет на регионот откако ја презеде функцијата во јануари, а следеше по патувањето во седиштето на НАТО во Европа, каде што ги предупреди и сојузниците да не трошат доволно за одбрана, потсетува Политико.
Ново на Сител
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
