Кина ги обвинува САД дека шират страв за коронавирусот
Кина денеска упати критика до САД поради воведување рестрикции во патувањата за кинеските државјани поради епидемијата на коронавирусот, обвинувајќи го Вашингтон дека „создава и шири паника“.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Чуа Хунјинг изјави дека американската Влада прва го евакуирала својот персонал од конзулатот во градот Вухан, предложила делумно повлекување на вработените во амбасадата и вовела забрана за влез на кинески патници на своја територија.
– Треба да престанат да создаваат и шират паника бидејќи тоа дава многу лош пример, истакна портпаролката.
Таа додаде дека САД засега не и помогнале на Кина, укажувајќи дека Кина добила медицински средства од десетина земји, како што се Франција, Јапонија, Турција, Пакистан, Иран, Русија и Велика Британија.
Вашингтон забрани влез на територијата на САД за сите странци кои пристигнуваат од Кина и им препорача на своите државјани да не патуваат во Кина или да ја напуштат доколку се наоѓаат таму.
Ново на Сител
-
Експерти: Со стартот на кампањата ќе се интензивира негативната реторика
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Генерално собрание на ОН во Њујорк
-
МАТТО го реконструира основното училиште со ресурсниот центар „Иднина“
-
Две години условна казна затвор за онкологот Пешевска која призна вина
-
Седумгодишно девојче од Челопек почина во тетовската болница
-
Не работи пералната на Клинички – Алиу ќе ја враќа во владение на државата
-
„Амбикон“ го објави извештајот за загадувањето на воздухот во Трубарево: Податоците се неспоредливи со претходни параметри