Кина е против ограничување на цената на руската нафта, Русија се заканува на Г7

Кина денеска соопшти дека се противи на ограничување на цената на руската нафта, откако министрите за финансии на Г7 минатата недела се согласија да воведат ограничување за „намалување на приходите на Москва за војната во Украина“.
– Нафтата е еден од главните светски производи и е од клучно значење за обезбедување на глобално снабдување со енергија, рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг. Кина стана еден од најголемите купувачи на руска нафта, додека Европа во последно време го намалува увозот.
– Се надеваме дека влијателните земји ќе вложат конструктивни напори за олеснување на сегашната ситуација преку дијалог и консултации, а не да го прават спротивното, додаде портпаролката. Кинескиот увоз на нафта од Русија во првите седум месеци од годинава достигна 48,45 милиони тони, што е зголемување за 4,4 отсто во однос на истиот период лани.
Во исто време, Кремљ предупреди дека ќе преземе „одмазднички мерки“ поради предлогот на Г7 за воведување горна граница на цената на руската нафта. Групата од седум министри за финансии се согласи на ограничувањето во петокот како одговор на руската инвазија врз Украина, а Москва вети дека ќе ја запре продажбата на земјите што го наметнуваат ограничувањето.
Ново на Сител
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
-

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс
-

Нови цени на горивата од полноќ
-

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
-

Тема на денот со Златко Кузманов, воено-политички аналитичар
-

Одложени операции на хируршките клиники поради дефект во климатизацијата
