-->
-->
Кина: Црвен аларм поради евентуални нови поплави
-->
Кинескиот град Вухан, како и провинциите Анхуи, Џиангси и Жеџијанг, денеска прогласија „црвен аларм“ поради поројните дождови, кои претставуваат опасност за зголемување на нивото на реките и езерата.
Вухан, кој се наоѓа на брегот на реката Јангче, ги предупреди граѓаните да преземат превентивни мерки, бидејќи реките веќе достигнале максимално ниво во своите корита.
Нивото на огромното вештачко езеро Три клисури е повисоко за десет метри од вообичаено, со приливи на вода поголеми од 50.000 кубни метри во секунда.
На езерото Таи, во близина на Шангај, исто така, е прогласен „црвен аларм“ поради високиот водостој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници