Ким: Партијата е виновна за неуспехот на реформите
Ким Џонг-ун на третиот ден од седницата на Осмиот Централен комитет на владејачката Работничката партија на Северна Кореја ја обвини партијата за неуспешното спроведување на преходните реформите, и побара партијата да преземе поконкретна улога во реализација на петгодишниот економски план, јавија севернокорејските медиуми.
– Законодавниот сектор е задолжен да ги отстрани сите нелогични елементи кои се камен на сопнување во спроведувањето на националниот економски план и да донесе нови закони за сите сектори, посочи Ким.
Тој исто така ја обвини партијата дека не ја исполнила својата улога на организатор и тела кои ги поставуваат стандардите во спроведување на претходните економски политика.
– Законодавните тела, вклучително и Обвинителството, треба да ја зголемат својата улога за да се обезбеди правилно распоредување и правилно извршување на националниот економски план, наведе Ким.
Севернокорејската новинска агенција (КЦНА) претходно објави дека Ким Тој на првиот ден од седницата на Централниот комитет упати критика до дел од државните органи дека се пасивни во спроведувањето на плановите утврдени на Осмиот Конгресот на партијата и побара зголемување на производството на железо, челик и ѓубриво, и ги постави овогодинешните цели во клучните индустриски области – електричната енергија, јагленот, железничкиот транспорт, градежните материјали, лесната индустрија и трговијата.
Ким на Осмиот Конгрес на Работничката партија на Северна Кореја призна дека неговиот претходен петгодишен економски плани не ги исполнил целите речиси во сите сектори.
Пленарните седници на Централниот комитет обично се одржуваат еднаш годишно на кои се одлучува за политичките насоки. Конгресот на владејачката Работничката партија на Северна Кореја се одржа во јануари и траеше четири дена.
Ново на Сител
-
Николовски: Наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила зголемена за над 482 милиона денари
-
Јовчески: Детето повредено кај Рашче, очекувам наскоро на домашно лекување
-
За повлечениот Предлог-закон за средно образование повторно ќе се дискутира за да се најде заеднички јазик, вели Јаневска
-
Француски осуденик држи неколку вработени во затворот како заложници
-
Лазаров пред СП 2025: Умерен оптимист сум
-
Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судски совет
-
Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените, најавува Мицкоски
-
Едно лице загина, а четворица се повредени во руски напад во регионот на Киев