Ким нареди зголемување на нуклеарниот потенцијал на Северна Кореја
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун нареди да продолжат научните истражувања за зголемување на нуклеарниот потенцијал на земјата, објавија денеска севернокорејските медиуми.
- Мораме да го унапредиме научниот развој, за да го зголемиме нуклеарниот потенцијал за самоодбрана, изјави Ким на приемот организиран за научниците кои работеа на хидрогенската бомба.
Тој додаде дека шестата нуклеарна проба е „голема победа на корејскиот народ и доказ дека Северна Кореја е нуклеарна сила, која има интерконтинетална балистичка ракета со хидрогенско полнење“.
Северна Кореја петтата нуклеарна проба ја изврши на 9. септември минатата година, а шестата пред една недела. Севернокорејските медиуми тврдат дека е тестирана хидрогенска бомба, која би можела да се лансира со ракета. Тоа предизвика осуда од меѓународната заедница и апели за нови санкции кон Пјонгјанг.
Ново на Сител
-
Врховниот суд на САД ја одобри забраната на Трамп за трансродови лица во војската
-
Индија го нападна Пакистан
-
Одбележување на Денот на македонската полиција
-
Без вода дел од булеварот „Јане Сандански“
-
Мерц побара од администрацијата на Трамп да се држи понастрана од германската политика
-
Делови од Центар, Кисела Вода и Карпош денеска без струја
-
Денеска почнува конклавата за избор на нов папа
-
Европратениците претпладнево ќе гласаат за извештајот за Србија