Ким Кардашијан на удар на критиката: Старлетата објави фотографија во топлес, а фановите распалија поради ова
Најпознатата старлета на светот Ким Кардашијан (37) со еден потег опасно ги налути фановите ширум светот.
Таа на Инстаграм објави фотографија на која е завртена со грб во топлес и се гледа во огледало. Тоа не е чудно кога таа е во прашање. Но, она што ги разлути фановите е тоа што тој момент го забележала ни помалку ни повеќе туку нејзината ќерка Норт (4).
Таа објава очекувано предизвика бројни негативни коментари на мајките кои ја критикуваат поради лошо воспитување на децата, но и од големата потреба за внимание.
„На ова не треба да бидеш горда и ќерката би требало да ја учиш за самопочитување, а не за тоа дека покажувањето на градите на целиот свет е најдобар начин за привлекување на внимание“, напиша една револтирана жена.
Друг корисник додаде:
„Има жени кои навистина сакаат да имаат деца и сакаат да ги научат на вистински животни вредности, а постоиш и ти и имаш три деца кои ги учиш како да станат порно ѕвезди“.
Ново на Сител
-
Македонија го победи Сесвете во пријателски натпревар пред СП
-
Уште една синагога во Сиднеј прошарана со антисемитски и нацистички симболи
-
Иранската војска покажа подземен ракетен град од каде го напаѓа Израел
-
Во Маврови Анови измерени - 3 степени, преку ден слаб дожд, ноќеска снег
-
Намалена видливост поради магла на патот Тетово-Гајре, Стража и Плетвар
-
Честитка од Цариградскиот патријарх г.г. Вартоломеј до архиепископот на МПЦ - ОА г.г. Стефан по повод неговиот именден
-
Рашфорд се враќа во тимот на Манчестер Јунајтед за дуелот со Арсенал
-
Мота: Јувентус треба да бара постојаност во резултатите