Ким Џонг-ун во критична состојба, се бори за живот
Кина испрати свој лекарски тим во Северна Кореја бидејќи севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е во тешка здраствена состојба, објавија дел од западните медиуми.
Додека јапонските медиуми објавија дека Ким е во „вегетативна состојба“ откако претходно му беше извршена операција на срцето.
Јапонскиот весник „Јомиури шимбум“ повикувајќи се на неимнеувани извори објави дека Северна Кореја подготвува план за непредвидени сличаи односно за пренесување на власта на помладата сестра на Ким, Ким Јо Џонг.
Претходно, јужнокорејските медиуми објавија дека на севернокорејскиот лидер на 12 април му била извршена операција на срце. Според неофицијални информации тој по операцијата е сместен во вила во Хујангсан и е под лекарска контрола.
Северна Кореја строго ги контролира информациите, посебно за Ким, кој во земјата има статус на божество.
Ново на Сител
-
СДСМ: Кривична одговорност и за Тошковски и Јанев
-
Меџити: Повлечете ги парите од онлајн казината
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историчарите од Македонија и Бугарија
-
Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре ќе биде познато колкумина ќе гони Обвинителството за пожарот во Кочани
-
Над 100 од повредените во Кочани ја контактирале Владата – доставиле предлози и барања за нивниот процес на опоравување