Ким Џонг-ун сака да испише историја во однос на обединувањето со Сеул
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека има „цврста волја за голем исчекор“ и оти сака да испише „нова историја за националното обединување“ со Јужна Кореја. Изјавата ја даде на вчерашната средба со делегација високи јужнокорејски функционери кои го посетија Пјонгјанг.
„Кога слушна од специјалниот пратеник на јужниот сосед за намерата на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин во врска со самитот, тој размени ставови и постигна задоволителен договор, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА, не прецизирајќи за каков договор станува збор.
КЦНА наведува дека Ким дал важни инструкции на надлежната служба за „брзо да преземе практични чекори за таа цел“.
„Исто така, Ким Џонг-ун размени основни ставови за прашањата поврзани со ублажување на жестоките воени тензии на Корејскиот Полуостров и активирање повеќестран дијалог, контакти, соработка и размена“, се наведува во извештајот на севернокорејската новинска агенција.
Ново на Сител
-
Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
-
Пронајдена е исчезнатата Билјана од Прилеп
-
Пронајден починат 55-годишен скопјанец во водите на Охридското Езеро
-
Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа