Ким Џонг Ун сака да го зајакне нуклеарниот штит
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повика да се зајакне нуклеарниот штит на земјата при посетата на постројката за производство на нуклеарен материјал, објавија денеска севернокорејските медиуми.
-Безбедносната ситуација во Северна Кореја го прави „незаменливо“ постојаното зајакнување на нуклеарниот штит на земјата, рече Ким.
Извештајот не дава никакви прецизни информации за тоа каде е објектот што го посети Ким, ниту за тоа кога се случила посетата.
Претставник на американската влада, вчера за првпат потврди дека претседателот Доналд Трамп ќе продолжи да ја следи целта за целосно разоружување на Северна Кореја од нејзиното нуклеарно оружје за време на неговиот втор мандат.
-Претседателот Трамп ќе продолжи со целосна денуклеаризација на Северна Кореја, исто како што направи во неговиот прв мандат, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност, Брајан Хјуз, цитираат јужнокорејските медиуми.
За време на неговиот прв мандат како претседател на САД, Трамп водеше неконвенционална политика за Северна Кореја која премина од закани до директна дипломатија со Ким.
Двајцата се сретнаа три пати: прво во Сингапур, потоа во Ханој, и конечно на демаркационата линија меѓу Северна и Јужна Кореја во јуни 2019 година.
И покрај овие напори, немаше договор за денуклеаризација на Северна Кореја.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ