Ким Џонг-Ун ќе ја прогласи Јужна Кореја за уставен непријател број еден
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун сака да го запише назначувањето на Јужна Кореја како непријателска држава број еден во уставот на неговата земја.
Како што пренесе ДПА, во говор пред парламентот во Пјонгјанг, Ким нагласи дека повторното обединување со нивниот јужен сосед повеќе не е можно, јавија државните медиуми.
Изразите како „независност, мирно обединување и големо национално единство“ мора да бидат избришани од уставот, побара Ким.
Ситуацијата на Корејскиот полуостров е понапната отколку што беше со години во услови на конфликт околу севернокорејската програма за нуклеарно оружје.
Северна Кореја е цел и на строги меѓународни санкции.
Ким неодамна ја означи Јужна Кореја како главен непријател за време на посетите на фабриките за муниција и најави преориентација на претходната политика на обединување.
На парламентарната седница Ким уште еднаш ја обвини Јужна Кореја дека сака да ја собори неговата влада.
„Ние не сакаме војна, но исто така немаме намера да ја избегнеме“, рече тој, цитиран од КЦНА Воч, организација која ги следи севернокорејските медиуми.
Ким изјави дека уставниот амандман мора јасно да стави до знаење дека сите Севернокорејци мора да научат дека Јужна Кореја „е нивниот главен непријател“.
Меѓународната заедница го смета врховното народно собрание на Северна Кореја за лажен парламент.
Обично се состанува само неколку пати годишно за да ги одобри одлуките донесени од државниот врв и од Работничката партија.
Ново на Сител
-
21-годишна албанка излетала од патот со автомобил близу Битола, тешко повредени сопатниците
-
Кипар под црвен метео аларм: Температури до 45 степени, забрана за работа на отворено
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги