Ким Џонг-ун ја одложи одлуката за истрелување ракети кон Гуам
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ја одложи одлуката за истрелување ракети во правец на американската територија Гуам, и одлучи да види што прво ќе направат САД, соопштија севернокорејските медиуми.
Во своето прво јавно појавување во последните две недели, Ким направил увид во инструкциите на севернокорејските воени сили, разгледувајќи го истовремено планот за истрелување четири ракети кон Гуам, јави севернокорејската агенција КЦНА.
„Тој кажа дека доколку Јенките останат на своите екстремно опасни и безобзирни акции на Корејскиот Полуостров, тестирајќи ја волјата на Демократска Народна Република Кореја (ДПРК), Пјонгјанг ќе донесе важна одлука, како што веќе беше објавено", пренесе КЦНА.
На фотографиите, приложени со извештајот на севернокорејската агенција, се гледа како Ким Џонг-ун во раката држи палка и на мапата ја покажува патеката на летот на ракетите што треба да бидат лансирани од источниот брег на Северна Кореја, и преку Јапонија да стигнат до Гуам.
Северна Кореја во повеќе наврати предупредуваше дека ќе ги нападне САД и американските воени бази, и објавуваше слични фотографии, но никогаш не дојде до реализација на овие планови, потсетуваат британските медиуми.
Најновите закани, меѓутоа, предизвикаа ескалација на тензиите на релацијата Вашингтон-Пјонгјанг, а американскиот претседател Доналд Трамп порача дека американската војска е подготвена да делува доколку Пјонгјанг не постапи мудро.
Портпаролката на Стејт департментот, Хедер Ноерт, изјави дека не е доволна одлуката на Северна Кореја за одложување на лансирањата, и дека Пјонгјанг мора да покаже дека е подготвен „на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров“.
Ново на Сител
-
Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба
-
Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа
-
Денеска средба помеѓу родителите на починатите во пожарот во Кочани и јавните обвинители
-
Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена кај струшкото село Калишта
-
Брнабиќ: Студентите во блокада планираат ултимативен удар на Србија за Видовден
-
За викендот стабилно и посвежо, а потоа затоплување и температури до 38 степени
-
Кривична против три физички и две правни лица за даночни измами, го оштетиле државниот буџет за 9.512.881 денари
-
Кавадарчанец при реновирање во ѕидот од домот пронашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитил