-->
-->
Ким Бесинџер во продолжението на филмот „50 нијанси сиво“
-->
Американската актерка и оскаровка Ким Бесинџер и се придружи на екипата на филмот „50 нијанси - помрачно“, втор дел од серијалот заснован на еротската трилогија „Педесет нијанси“ на британската авторка Е. Л. Џејмс.
Според списанието „Варајети“, холивудската ѕвезда, која се прослави со секси улогата во филмот „Девет и пол недели“ (1986), ќе ја игра Илејн Линколн, деловна партнерка и поранешна љубовница на Кристијан Греј.
Филмот ќе го режира Џејмс Фоли, а во главните улоги повторно ќе се најдат Џемји Дорнан и Дакота Џонсон, додека сценариото го потпишуваат авторката на популарните романи Е. Л. Џејмс и нејзиниот сопруг Ниал Ленард.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Определени мерки за претпазливост за Иџет Мемети
-
Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Милошоски: Нова Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ до 20 јуни
-
По прегласувањето во ИЕ 6 „Европски фронт“ изгуби, а „Вреди“ доби еден мандат, без промени во ИЕ 5
-
Претседателката Сиљановска Давкова на аудиенција кај папата Франциск
-
Мексико: Девет жртви откако ветер урна дел од бина на предизборен настан
-
Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите
-
Честитка од Бабовски по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите