Кикбоксерите со две бронзи од Европското првенство во Италија
Македонските кик бокс репрезентативци се враќаат од Европското јуниорско првенство од Италија 2025 со две бронзи.
- Бронзи обезбедија Лука Змејкоски и Марија Димовска. Извонредни борби покажаа и Андријано Димишковски и Калин Бабоски кои се голема нова надеж меѓу нашите јуниори.
Марија е минатогодишен светски јуниорски првак и беше фаворит на ова Европско првенство за злато но неслучајно по волја и влијание на судиите ја загуби борбата во полуфиналето против Турчинката и неуспеа да стигне до златото. Имам повеке аргументи што доведоа до оваков исход на успехот на нашите репрезентативци но засега да сме задоволни и со бронзите а за причините ке ги образложиме во друга прилика. Нашите натпреварувачи дадоа се од себе во рингот иако се вракаме со бронзи јас сум задоволен од прикажаната борба и пожртвуваноста на сите наши натпреварувачи иако беа со крајно низок морал срушен од самиот деградирачки однос на нашето министерство за спорт тие се бореа лавовски да дадат се од себе да обезбедат медали за нашата земја. Голема благодарност до Македонскиот Олимписки Комитет за подршката и помошта што ни ја овозможија за наше учество на ова европско првенство, изјави претседателот на МКФМ Дејан Митровски - Урко.





Ново на Сител
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
