Кикбоксерите од Балканското куп првенство во Белград донесоа 42 медали
Од 17-19.10.2025 година, македонските кикбокс тимови учествуваа на ВАКО балканскиот кикбокс куп “ТРОФЕЈ НА БЕЛГРАД 2025” кој се одржа во Белград, Србија.
Нашата држава настапи со 47 натпреварувачи во 50 натпреварувачки влезови од 9 македонски кикбокс клубови. Тимовите ги предводеше тренерската екипа составена од 15 тренери, а на овој куп судеа и нашите меѓународни судии Неделковска, Наковски и Бубевски.
На овој традиционален балкански кикбокс куп учество земаа 239 натпреварувачи во 242 влезови од 60 клуб од 4 држави.
Нашите натпреварувачи освоија вкупно 42 медали – 11 златни, 6 сребрени и 25 бронзени медали. Во севкупниот пласман нашата држава е второ пласирана. Финалната борба на нашата натпреварувачка Марија Димовска од КБК Енерџи од Битола беше избрана за гала борба на вечерта и истата заврши со освоено злато на Димовска во дисциплината лоу кик постари јуниорки -65 килограми.
Најтрофеен македонски клуб е КБК Шампион од Скопје со освоени вкупно 9 медали – 3 златни, 1 сребрена и 5 бронзени медали и во севкупниот пласман е трето пласиран во конкуренцијата од 60 клубови од регионот.
“И покрај тоа што секој куп е исклучителна можност за стекнување меѓународно искуство и подготовка на нашите кикбоксери за претстојните светски и европски првенства, повторно учеството на овој куп и целокупните трошоци се на наш сопствен трошок. Докажавме и порано и сега дека сме најтрофеен спорт и дека од секое натпреварување од највисок ранг се враќаме со македонска жетва од медали. Целокупната светска, европска и балканска кикбокс нација исправено стои пред македонските кикбоксери со почит, реноме и признание за врвни натпреварувачи, тренери и судии; но на национално ниво сме оставени на преживување и самоснаоѓање, маргинализирани и подредени во однос на екипните спортови при распределба на државните финансии. Се надевам дека оваа неправда ќе биде исправена и ќе следи финансиско релаксирање и за нашите спортисти и за клубовите и за самата федерација. Горд сум на сите претходни и на овој огромен успех на моите спортисти и моите колеги - тренери и судии. Продолжуваме понатаму со ист ентузијазам и жар. До крај на годината имаме уште неколку купови и две првенства на кои ќе земеме учество со наши натпреварувачи. Се вративме среќни и без повреди со преубави впечатоци. Повторно тврдам дека кикбоксот е наш најтрофеен спорт и национален спорт број 1 во нашата земја.” - изјави Дејан Митровски - Урко, претседател на Кикбокс Маитаи федерација на Македонија.
РЕЗУЛТАТИ - ВАКО балканскиот кикбокс куп “ТРОФЕЈ НА БЕЛГРАД 2025”:
Златни медали
1. Нелсон Узеир – LK S M -91 KG - КБК Шампион Скопје
2. Максим Митровски – LK S M -75 KG – КБК Шампион Скопје
3. Марија Димовска – LK OJ F – 65 KG – КБК Енерџи - Битола
4. Калин Бабоски - LK ОJ M – 63.5 KG – КБК Адора Скопје
5. Огнен Илиев – KL J M –74 KG BEG – КБК Адора Скопје
6. Петар Лозановски – KL OC M -57 KG - КБК Енерџи – Битола
7. Антонија Тасева - KL 166 OC F -60 KG – КБК Гладијатор фајт - Штип
8. Исмаил Туркер – KL J M -63 KG - КБК Шампион Скопје
9. Марко Баснарков – KL J M – 74 KG – КБК Прокик фемили - Скопје
10. Наум Миланоски – KL J M – 79 KG – КБК Предатор – Куманово
11. Никола Николовски – KL J M – 84 KG – КБК Предатор – Куманово
Сребрени медали
1. Александар Стоилковиќ – LK S M +91 KG – КБК Куманово 2006 Куманово
2. Леонтина Миткова – KL OC F -65 BEG – КБК Гладијатор фајт - Штип
3. Никола Ангеловски – KL OC M -69 KG – КБК Предатор – Куманово
4. Сергеј Ушлиновски – KL OC M +69 KG – КБК Шампион Скопје
5. Мартина Јовановска - KL 166 OC F -60 KG – КБК Адора Скопје
6. Марко Баснарков – KL J M – 69 KG – КБК Прокик фемили – Скопје
Бронзени медали
1. Радослав Велески – LK S M +91 KG – КБК Ронин - Прилеп
2. Марко Ристоски – LK OJ M – 67 KG – КБК Шампион – Скопје
3. Данило Методиевски – LK OJ M – 71 KG – КБК Предатор – Куманово
4. Милан Нешевски – LK OJ M – 75 KG – КБК Шампион – Скопје
5. Андреа Георгиевска – LK OJ F – 56 KG – КБК Предатор – Куманово
6. Ахмед Халдун – LK S M – 86 KG – КБК Шампион - Скопје
7. Петра Долдурова – KL OC F -65 BEG – КБК Гладијатор фајт - Штип
8. Леонид Наумов – KL OC M -57 BEG – КБК Енерџи - Битола
9. Димитар Димевски – KL OC M -57 BEG – КБК Енерџи - Битола
10. Јован Јанковски – KL OC M -47 KG - КБК Гладијатор фајт - Штип
11. Андреј Цветановски – KL OC M -47 KG – КБК Предатор - Куманово
12. Петар Лозановски – KL OC M -63 KG - КБК Енерџи – Битола
13. Макс Спасовски – KL OC M -69 KG – КБК Предатор – Куманово
14. Давид Георгиоски – KL OC M +69 KG – КБК Ронин - Прилеп
15. Ангела Стоилковска - KL OC F -46 KG – КБК Шампион Скопје
16. Маригона Зенуни - KL OC F -46 KG – КБК Енерџи – Битола
17. Павел Борковски – KL J M – 57 KG – КБК Куманово 2006 Куманово
18. КИРИЛ АТАНАСОВ – KL J M – 63 KG – КБК ГЛАДИЈАТОР - НЕГОТИНО
19. Иван Кукуновски – KL J M – 69 KG – КБК Шампион Скопје
20. Димитар Јачев – KL J M – 74 KG – КБК Прокик фемили – Скопје
21. Димитар Јачев – KL J M – 79 KG – КБК Прокик фемили - Скопје
22. Андреа Милошевска – KL J F - 65 KG – КБК Гладијатор фајт - Штип
23. Методи Младеновски – KL S M – 69 KG – КБК Прокик фемили – Скопје
24. Давид Елмазов – KL S M – 89 KG – КБК Енерџи – Битола
25. Христи Ристески – KL S M +94 KG – КБК Ронин – Прилеп
Во склоп на балканскиот куп се одржа и куп за помлади кадети “ТРОФЕЈ НА БЕЛГРАД 2025” на кој настапија 4 наши млади спортисти од 1 македонски клуб. На купот учествуваа 23 младинци од 13 клубови од 4 држави.
Нашите млади натпреварувачи освоија вкупно 4 медали – 1 златна, 1 сребрена и 2 бронзени медали. Во севкупниот пласман нашата држава е второ пласирана, а најтрофеен македонски клуб е КБК Гладијатор фајт од Штип кој беше единствен наш клуб кој зема учество со млади натпреварувачи и ги освои медалите во конкуренцијата од 12 клубови од 4 држави од регионот.
РЕЗУЛТАТИ - ВАКО балканскиот кикбокс куп за помлади кадети “ТРОФЕЈ НА БЕЛГРАД 2025”:
Златни медали
Баже Јанев - KL YC M -32 KG – КБК Гладијатор фајт - Штип
Сребрени медали
Михаил Јанев - KL YC M -32 KG – КБК Гладијатор фајт – Штип
Бронзени медали
Максим Иванов -KL YC M -32 KG – КБК Гладијатор фајт – Штип
Димитар Иванов - KL YC M -42 KG – КБК Гладијатор фајт - Штип
Ново на Сител
-
44 општини добија градоначалник
-
ВМРО-ДПМНЕ: Историска победа на локални избори, СДСМ: Очекувавме повеќе, но не е лошо
-
За кандидатите на ДУИ и ВРЕДИ ќе се гласа повторно во Гостивар и Врапчиште
-
Оценка на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за првиот круг од локалните избори во Македонија
-
Интервјуирани кандидатите за судија во Стразбур
-
Политико: Влез во ЕУ но без можност за вето на новите земји членки
-
Македонците ќе го живеат европскиот стандард за 56 години
-
Преглед на вестите од светот