Кикбокс клуб „Шампион-Магнус тим“ е најуспешен македонски клуб
КБК ШАМПИОН-МАГНУС ТИМ - Скопје од ВАКО Европскиот куп Србија опен кој се одржа викендов во Белград 14-16 Мај 2021 год се врати со освоени:
3-златни медали
4-сребрени медали
2-бронзени медали
и е најуспешен од македонските клубови учесници.
1- Бобан Илиовски- златен
2- Туркер Исмаил- златен
3- Стефан Каевски- златен
4- Миа Тодорова- сребрен
5-Викторија Варадинова-сребрен
6- Слаѓан Димиќ- сребрен
7-Дамјан Зафировски- сребрен
8- Марко Тодоров- бронзен
9- Петар Мијовски- бронзен
Иван Кукуновски и Даниел Наневски не успеаа да обезбедат медал.
М-р Дејан Митровски Урко - тренер на КБК Шампион Магнус тим - Скопје изјави: „Ако ја земеме во предвид корона пандемијата и забраната за одржување на тренинзи и секако огромната штета што му се нанесе на индивидуалниот спорт во Македонија токму со селективната забрана за тренинг и натпревари, искрено ќе кажам дека сум задоволен од постигнатиот успех на моите натпреварувачи. Ние сме борци и го напаѓаме противникот. Во овој случај со пандемијата, се боревме со невидлив противник, а претрпевме голем пораз и загуба. Продолжуваме таму каде што застанавме и се надеваме дека вакво нешто нема повторно да се случи.“
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола