Киев: Во контраофанзивата, Украина досега ослободи 227 квадратни километри од руска окупација

Украинските војници, во неколкунеделната контраофанзива, ослободија 227 квадратни километри земја заземена од Русија, изјави заменик-министерката за одбрана Хана Малиар.
Таа рече дека силите на Киев вратиле 192 квадратни километри територија на јужните делови на фронтот. Од нив, 12 квадратни километри беа ослободени во текот на минатата недела.
Во делот околу градот Бахмут, кој сега е под контрола на руските сили, Украина повторно зазеде вкупно 35 квадратни километри.
Минатата недела Украина поврати четири квадратни километри во источниот регион Доњецк. Информациите не можат да бидат независно проверени, јави ДПА.
Русија почна војна против Украина во февруари 2022 година. Украинските воени набљудувачи велат дека трупите на Кремљ сè уште контролираат повеќе од 100.000 квадратни километри украинска територија, вклучувајќи го и полуостровот Крим, незаконски анектиран во 2014 година.
Ново на Сител
-

Парада на Црвениот плоштад во Москва, Путин рече дека верува во победа
-

Честитка за Денот на Европа од претседателот на Собранието Гаши
-

Меси за Роналдо: Имавме големо спортско ривалство
-

Николоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе го решиме во рокот иако имавме класична финансиска опструкција за автопатот
-

Мицкоски по повод 9 Мај: Не смееме да дозволиме подвигот на загинатите борци да биде заборавен или релативизиран
-

Единаесет години од „Диво насеље“- Куманово се сеќава на загинатите херои
-

Најмногу дожд во Претор
-

Трамп изјави дека сака подолг прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина
