Киев: Уште најмалку двајца загинати цивили во руско гранатирање на истокот од Украина
– Во последните 24 часа во руското гранатирање на источниот дел на Украина загинаа најмалку двајца цивили, а 10 се ранети, соопштија украинските власти.
Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во регионот Доњецк, центарот на офанзивата, руските сили извршија артилериски напади врз градовите Авдеевка, Краматорск и Константиновка, додека најмалку пет куќи се оштетени во воздушен напад врз Бахмут.
Гувернерот на Доњецк, Павло Кириленко, изјави дека „Русите користат тактика на испржена земја“ и додаде дека „пукаат од земја и од воздух за да избришат цели градови“. Русите извршија напади и врз регионот Харков. Во градот Чугуев, во руски напад е уништена зградата на локалниот клуб, а спасувачите извлекле неколку лица од урнатините.
Во реонот на Днепар, 10-годишно девојче е рането во гранатирање, а седумгодишно дете е рането во руското гранатирање на регионот Николаев.
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски