Loading Video...
Свет
1. July 2022 - 16:31

Киев тврди, Моксва демантира дека погодиле цивилни објекти во Одеса

Рано утрово руски ракети погодиле станбена згради и рекреативен центар  во јужниот украински регион Одеса при што загинале најмалку 19 лица соопштија украинските власти.   Државната служба за итни случаи објави дека две деца се меѓу загинатите. Портпаролот на Кремљ  демантираше  дека руски ракети погодиле цивилни објекти во Одеса.

-Би сакал да ве потсетам на зборовите на рускиот претседател и врховниот командант дека руските вооружени сили во текот на специјалната воена операција не работат со цивилни цели и цивилна инфраструктура.  

Жестоките борби на истокот на Украина не запираат. Во фоксуот е  градот Лисичнаск, последното преостанато украинско упориште во Луганската област.