Киев тврди дека украинската армија ослободила неколку населени места во херсонската област

Официјален Киев соопшти дека украинските оружени сили вчера го ослободиле местото Високопилија во херсонската област.
Кирило Тимошенко, заменик-шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, на Телеграм објави фотографија од подигнувањето на украинското знаме во Восокопилија. Инаку, извештаи за ослободување на тоа населено место во северниот дел на регионот на Херсон беа објавени и во текот на јуни.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на воен состанок изјавил дека украинските знамиња се повеќе се враќаат таму каде што припаѓаат. „И нема место за окупатори во нашата земја“, ја објавува Кабинетот изјавата на претседателот, без притоа да се дадат детали. Медиумите во Киев уште јавуваат дека украинските воени единици во текот на вчерашниот ден го ослободиле и местото Озерне во Доњецк. Информацијата не е потврдена од независни извори.
Украинската армија на крајот на минатиот месец покрена офанзива за ослободување на регионот Херсон што руските сили го зазедоа набргу по почетокот на инвазијата на 24 февруари. Руското Министерство за одбрана ги негира наводните успеси на украинската армија.
Ново на Сител
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
-

Ангелов: Активни се два пожара на отворен простор, состојбата со водата во Гостивар се подобрува
-

Левица: 25 години Карпалак - 25 години без правда за бранителите
-

Мисајловски за 25-годишнината од загинувањето на бранителите кај Карпалак: Нивната верба во татковината е наша водилка да продолжиме да ги чуваме националните интереси
-

Земјава повторно на грчката листата на држави со привилегиран даночен режим
