Киев: Соборивме пет руски авиони и хеликоптер
Украинската војска денеска потврди дека соборила пет руски авиони и хеликоптер на истокот од земјата во близина на енклава под контрола на бунтовниците.
„Според командата на Здружените сили, денеска, 24 февруари, во областа на операцијата на Здружените сили, беа соборени пет авиони и еден хеликоптер на агресорите“, соопшти Генералштабот на армијата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека уништило украински воени воздушни бази и системи за ПВО, неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин нареди воена офанзива против соседот на неговата земја.
„Воената инфраструктура во воздухопловните бази на украинската армија е исфрлена од акција“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана. Според нив, системите за ПВО на Киев се „елиминирани“.
Ново на Сител
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес
-
Подигнување на свеста за органодарителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница