-->
-->
Киев: Руската војска намерно напаѓа складишта за гориво
-->
Руските сили продолжуваат со ракетни напади врз станбени населби низ целата земја, намерно насочени кон складишта за гориво во обид да ја „отежнат логистиката” и „да создадат услови за хуманитарна криза“, предупреди Генералштабот на вооружените сили на Украина.Во изминатите денови беа погодени магацини за гориво во неколку градови, како што е главниот град Киев, но и Лавов, Ривне, Житомир и Луцк, јави Би Би Си.
Според украинската војска, руски војници го тероризираат локалното население во главниот град Киев, Запорожје, Керсон и Харков, ограбувајќи, киднапирајќи и држејќи цивили како заложници.
Податоците за гранатирањето и акциите на руските војници не се потврдени од независни извори, објави Би Би Си.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Жена со тротинет удрила велосипедистка во Скопје и избегала
-

Мост „Генерал Михајло Апостолски“ - се ослободува трасата за конечно ставање во функција, напиша Ѓорѓиевски
-

Романски државјанин возел со брзина од 163 км/ч на место каде дозволено 80км/ч
-

Во шатор во Галичник пронајдена разновидна дрога - пет лица приведени
-

Во Црна Гора откриен нелегален магацин со 13,5 тони тутун
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
