Киев разочаран по одлуката на САД да ја паузираат воената помош, украински пратеник вели - Не можеме поверуваме
Американскиот претседател Доналд Трамп нареди привремено запирање на воената помош за Украина, неколку дена по состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба, потврди висок функционер на Белата куќа.
По оваа одлука, стаса и првата реакција од Украина. Пратеникот Олександр Мережко, член на партијата на Зеленски, изјави дека е „шокиран“ од одлуката на Вашингтон. – Ова што се случува е неверојатно.
Дури и во најлошите кошмари не можев да замислам дека Трамп би ја прекинал воената помош во момент кога ни е најпотребна, изјави тој за Би-Би-Си Њуздеј.
Мережко додаде дека верува оти Трамп се обидува да ја маргинализира Украина и Европа за да постигне договор со Русија.
- Мислам дека господинот Трамп треба сериозно да размисли како ќе биде запаметен во историјата. За мене, ова е ден што ќе остане запишан како срамен момент, заклучи украинскиот пратеник.
- Сопирањето на помошта сега значи да му се помогне на (рускиот претседател Владимир) Путин. На прв поглед, ова изгледа многу лошо.
Изгледа дека Доналд Трамп не турка кон капитулација, кон прифаќање на руските барања. Најлошото е што ова е психолошки и политички удар за Украина – тоа не му помага на нашиот морал.
Ова е полошо од Минхен, затоа што тогаш барем не се обидоа да ја прикажат Чехословачка како агресор. Но, сега тие се обидуваат да ја обвинат жртвата на агресија – и тоа е крајно опасно“.
Со споредбата со Минхен, тој алудира на 30 септември 1938 година кога, Германија, Велика Британија, Франција и Италија постигнаа договор со кој на нацистичка Германија ѝ се дозволи да ја анектира Судетската област, тогаш западниот дел на Чехословачка.
Според извор на Фокс Њуз, оваа одлука на Трамп не значи траен прекин на помошта, туку привремена пауза.
Медиумот цитира функционер од администрацијата на Трамп, кој рекол: „Ова не е крај на помошта, туку преиспитување на нејзината улога во конфликтот“.
Според Блумберг, испораката на целокупната американска воена опрема што сè уште не стигнала во Украина е стопирана.
Ова вклучува оружје што се транспортира со авиони и бродови или се наоѓа во транзитни зони во Полска.
Ново на Сител
-
Без вода делови од улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Сејфула“, населбата Топанско Поле со намален притисок
-
Без струја делови од Ѓорче Петров и Чучер Сандево
-
Утрово посвежо, во текот на денот сончево и потопло
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена