Киев повика бегалците зимата да ја минат во странство поради оштетувањата на енергетските системи во земјата
Украинските власти денеска ги повикаа бегалците кои поради војната ја напуштиле земјата, да не се враќаат дома зимава поради оштетувањата на системите за снабдување со електричната мрежа и на инсталациите за затоплување.
„Ако имате можност, останете и поминете ја зимата надвор од земјата“, изјави заменик-премиерката Ирина Верешчук на националната телевизија.
Таа посочи дека поради руските напади, енергетските системи во земјата не се нестабилни.
„Во текот на летото со нетрпение очекувам многумина од вас да се вратат за да го обноват уништеното и да ги испратат децата во украинските училишта“, додаде таа.
Од 10 октомври руската армија почна да користи ракети и беспилотни летала за напади врз инфраструктурни објекти, како инсталации за електрична енергија и топлани за греење.
Според Агенцијата за бегалци на ОН, од почеткот на руската инвазија во европските земји се регистрирале 7,7 милиони бегалци од Украина.
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
