Киднапирале дете, па го терале да питачи низ Скопје
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ќ.К. (60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“, предвидено и казниво во член 418-г став 2 од КЗ на РМ.
Пријавениот искористил згодна прилика и грабнал 11-годишно дете, кое престојувало во Прифатен центар за бездомни лица „Чичино Село“ во с.Сарај, по што го однел во својот дом каде навечер го чувал заклучен, а преку ден го принудувал на питачење. На 25.09.2017 година детето било пресретнато со патничко возило во кое, освен пријавениот, биле уште две непознати лица.
Се обиделе да го намамат со тоа што на детето му кажале дека неговиот татко е во возилото, но тоа одбило да влезе во возилото. Во тој момент едно од непознатите лица излегло од возилото и насилно го внел. Потоа, со употреба на сила, го однеле во домот на пријавениот и го сместиле во просторија без прозорци, осветлување и мебел и го држеле заклучено.
Воедно, му се заканиле дека врз него ќе употребат физичка сила доколку не биде мирно. Следните денови, пријавениот го носел детето во близина на стоковната куќа „26 ти Јули“ и го принудувал да питачи. Цело време тој бил во негова близина и му ги одземал собраните пари од питачењето.
На 29.09.2017 година, пријавениот го принудил детето да питачи пред трговски центар „Веро“ на бул. „Кузман Јосифовски Питу“. Случајот бил пријавен во полиција од страна на родителите на детото, по што била распишана потрага. На 29.09.2017 година околу 13.45 часот неговиот татко го забележал детето во близина на трговскиот центар “Веро“, а пријавениот побегнал од местото. По преземни мерки пријавениот бил приведен и изведен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор во траење од 30 денови.
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица