Киднаперот на авионот побарал ослободување на затвореници, пред се жени, во Египет
Киднаперот на египетскиот авион побарал ослободување на затвореници, пред се жени во Египет, јавија кипарски медиуми.
Тој на властите им предал писмо на арапски јазик, кое во моментов се преведува за да се утврди за што станува збор.
Се претпоставува дека писмото е адресирано до неговата поранешна сопруга, која живе во Кипар и со која имал четири деца.
Во Ербасот А320, кој сообраќаше на релација Александрија-Каиро и кој изутрината принудно слета на аеродромот во Ларнака имало патници од различни националности, меѓу кои Израелци, Британци, Холанџани и Американци, како и членовите на екипажот.
Кипарските власти кои преговараат со киднаперот, успеаја да обезбедат ослободување на најголемиот број од патниците, освен четворица членови на екипажот и тројца патници, сите странски државјани, ветувајќи му средба со неговата поранешна сопруга.
Египетскиот министер за цивилна авијација на вонредна прес конференција во Каиро соопшти дека во моментов во киднапираниот авион се останати седум лица, вклучувајќи и тројца патници.
Во авион патувале 21 странец - осуммина Американци, по четворица Британци и Холанѓани, двајца Белгијци, еден Французин, еден Сириец и еден Италијанец, информира египетското Министерство за цивилна авијација. Останатите патници најверојатно биле Египтќани.
Министерството за цивилна авијација уверува дека авионот превезувал вкупно 81 патник, додека авиокомпанијата „Иџиптер“ тврди дека во него имало само 55 патници.
Според кипарските извори, засега не е потврдена информацијата дека во авионот има бомба.
Киднаперот е идентификуван како Сеиф Ел Дин Мустафа, соопшти портпаролот на египетскиот претседател.
Според Си-Ен-Ен станува збор за египетски државјанин кој киднапирањето на авионот „Ербас А320“ го извршил само за да ја види својата поранешна сопруга, Кипранка, која сега живее во Кипар.
Претходно беше соопштено дека киднаперот на египетскиот патнички авион се вика Ибрахим Самаха, а неговите роднини изјавија дека тој боледува од психичко растројство.
Ново на Сител
-
Екс директорот на затворот во Шутка негира вина
-
ВМРО-ДПМНЕ денеска во Зрновци и Виница
-
СДСМ денеска во Кисела Вода и Аеродром, Шукова ги презентира најважните 20 проекти
-
Османи: На првиот ден ќе прогласам вонредна состојба во Чаир за решавање на проблемот со хигиената
-
Алиу: Стручната комисија се уште ги разгледува новите 5 претставки за извршени кардиохируршки интервенции
-
Да се почитува забраната за продажба на цигари на лица под 18 години, бараат од Аналитика Tинк Tенк
-
Преглед на вестите од светот
-
Предизборен караван на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Капија, Конче, Неготино и Кавадарци