Македонија
15. August 2019 - 11:20

Кичевските риболовци апелираат да се чува брегот на Осломејското Езеро

 Здружението на спортски риболовци од Кичево презеде акција за чистење на брегот на Осломејското Езеро и постави соодветни знаци за забрана за фрлање на каков било отпад.

– Апелираме до сите риболовци кои се рекреираат крај Осломејското Езеро, по риболовот да го исчистат сметот што го создаваат на езерскиот брег, изјави членот на Здружението, Бесмир Елези.

Од ден на ден се зголемува бројот на спортски, но и на рекреативни риболовци на брегот на Осломејското Езеро, кои ја продолжуваат акцијата за порибување на ова езеро кое преставува природно богатство за сите љубители на природата.

Со зголемување на интересот за ловење на брегот на Осломејското Езеро, се почесто се забележува и една непријатна појава од несовесни, луѓе што со нивниот престој го загадуваат брегот.