Кичевец остана без палец, чистел троблон па се самоповредил
Вчера во 19,35 часот во Полициска станица-Кичево, доктор од Медицински центар -Кичево пријавил дека донесено било повредено лице во пределот на левата рака (му бил откинат палецот и имал повреда на дланката).
Од страна на полициски службеници од Полициска станица -Кичево утврдено е дека се работи за И.С.(21) од с.Другово-Кичево, кој се самоповредил во гаражата во сопствената куќа со маневарски куршум, кој бил заглавен во метална цевка (троблон).
При обид да го извади куршумот, со штрафцигер удрил во чаурата, при што од издувните барутни гасови дошло до повредување.
Поради сериозноста на повредите истиот со возило на Медицински центар -Кичево е пренесен во Ургентен центар -Скопје, заради понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител од Основно јавно обвинителство -Кичево и увидна екипа од Кичево.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени